Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
15.08.2018 10:21 - Жак Превер
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 511 Коментари: 0 Гласове:
0


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 

Жак Превер
Спомни си, Барбара
1
Барбара, не личеше ко ден што ќе ќефи,
врз Брест дождовна река беше излеана,
но мене расцветана наслада ме стрефи:
те видов како без гајле шеткаш насмеана.
2
На крстосницата Сиам налетав на тебе,
за малце ќе направевме сладок судар,
ти ми се насмеа, јас се оклештив ко бебе,
случајот мора да го токмел некој мудар.
3
Ти и јас не сме биле во познанички круг,
но засекогаш го запомнав твојот парфем,
и името Барбара, оти те повика некој друг
што ти мавна рака засолнат под еден трем.
4
Сечејќи го дождот ти кон него се стрча,
утоп-фустанот го истакнуваше твоето тело,
му се џитна во прегратка, бакнежи фрчат,
беше тоа едно сладострасно ремек-дело.
5
И спомни си, Барбара, за тој среќен настан
што во нашите животи пулсот ни го дигна:
и не лути се што имам раскажувачка краста
па за тоа дрдорам секаде кајшто стигнам.
6
Им кажувам на сите вљубени, туѓи и знајни,
дека тој дожд беше мудар во тој среќен град,
дека твоето лице ми ги откри слатките тајни
и со нив и со твоето име јас си останав млад.
7
А потоа бидна оној дожд во морскиот пристан,
врз магацините за оружје во онаа глупа војна,
дожд од бомби истурен од лудата раса чиста,
врз градот каде ќе се судрев со Барбара стројна.
8
Врз пожарите во кои се измешаа дрво и крв,
во Брест без престан челичниот дожд дивее,
а оној што на Барбара ѝ беше љубовник прв
дали успеал пак да се засолни и да преживее?
9
О, Барбара, во Брест без престан дожд лие
но не е ист како оној кога ти среќно се состана;
над градот глутница кучешка настрвено вие,
од градот Брест ни камен на камен не остана.

““““(објавена 1946 година)
Оригиналот тука:
http://alain.liscoet.pagesperso-orange.fr/barbara.htm



Тагове:   Жак Превер,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562809
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502